📽️ 📷 МАКЕДОНСКИ ТРЕНЕР ВО ЦЕНТАРОТ НА СЕКС-СКАНДАЛ ВО НФЛ Двајцата ги изневерувале сопружниците, новинарката дури го крстила синот по љубовникот

Наводната врска меѓу новинарка и НФЛ тренер траела со години, а сомнежите се засилија по појавата на фотографии и нови детали

464

Спортската јавност во САД изминативе денови е во центарот на голем секс-скандал, во кој главни актери се новинарката Дијана Русини и тренерот на Њу Ингланд Патриотс, Мајк Врабел.

Скандалот предизвика огромен интерес и на Балканот, особено поради фактот што Врабел има потекло од Македонија, што самиот го има потврдено во јавноста.

 

Според американските медиуми, нивната наводна врска траела со години, а кулминирала откако се појавиле фотографии на кои двајцата се држат за раце. По тоа, во јавноста почнале да се појавуваат и постари фотографии, кои дополнително ги засилија сомнежите за нивната блискост.

Русини, која веќе шест години е во брак и работеше во „ESPN“, важеше за едно од најпознатите новинарски имиња што го следат НФЛ. Во текот на својата кариера, таа често правела интервјуа со Врабел, кој претходно беше тренер на Тенеси Тајтанс, пред да дојде во Њу Ингланд.

 

Дополнителен шок во јавноста предизвикаа тврдењата дека нивната врска започнала уште во 2020 година. Шпекулациите отидоа чекор подалеку, па дел од медиумите посочија дека нејзиниот син, роден во 2021 година, го носи името Мајкл – исто како тренерот.

 

Во меѓувреме, Русини ја напушти новинарската позиција, додека Врабел засега останува на клупата на Патриотс, иако притисокот врз него од јавноста и медиумите постојано расте.

Поврзани содржини