СКОПЈАНЕЦ ПРЕВЕЗУВАЛ ПЕТ ЛИЦА ОД ВИЕТНАМ Приведен криумчар, мигранти сместени во центар

Полицијата уапси 48-годишен скопјанец кој со автомобил превезувал пет лица од Виетнам во близина на границата со Грција

84

Криумчар на мигранти е уапсен во близина на границата со Грција, откако полицијата открила пет лица од Виетнам скриени во возило.

Акцијата се случила ноќеска околу 02:30 часот во атарот на селото Богородица, каде полицијата запрела патничко возило „тојота корола“ со италијански регистарски ознаки. Зад воланот бил 48-годишен скопјанец, кој, според сомневањата, превезувал мигранти.

При контролата биле пронајдени пет лица од Виетнам, кои нелегално се движеле низ државата.

По наредба на јавен обвинител, осомничениот е задржан во полициска станица, а против него ќе следува кривична пријава.

Мигрантите се пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“, каде ќе им биде обезбеден понатамошен третман.

Поврзани содржини