ЗАТРУПАНИ ТРОЈЦА РАБОТНИЦИ НА ГРАДИЛИШТЕ ВО КИСЕЛА ВОДА Двајца се извлечени, се бара третиот работник

Двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

570

Тројца работници се затрупани со градежен материјал при ископ и подготовка на терен за изградба на нова зграда, во скопската населба Кисела Вода, објави порталот Нетпрес.

Досега се извлечени двајца, а спасувачките екипи работат на пронаоѓање и извлекување на третиот работник.

– Денеска, во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а во координација со ЦУК и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице – информираа од полицијата.

 

Поврзани содржини