И НОСАЧОТ НА АВИОНИ „ЏОРЏ В. БУШ“ СТИГНА НА БЛИСКИОТ ИСТОК Израел е подготвен да го врати Иран во каменото доба, се закани израелскиот министер за одбрана

Израелската армија е подготвена и во одбранбена и во офанзивна смисла, а целите се веќе одредени, рече израелскиот министер за одбрана Израел Кац.

272

Носачот на авиони „УСС Џорџ Х. В. Буш“ пристигна во регионот на Блискиот Исток, соопшти американската војска, со што бројот на големи американски воени бродови што дејствуваат во регионот се искачи на три.

Бродот пловел во Индискиот Океан во зоната на одговорност на Централната команда на САД на 23 април, соопшти Централната команда на војската за Блискиот Исток во објава на платформата Икс, заедно со фотографија од бродот, чија палуба е преполна со воени авиони.


Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска рече дека Израел е подготвен да продолжи со воена акција против Иран и чека зелено светло од американскиот претседател Доналд Трамп „за да го врати Иран во каменото доба“.

– Израелската армија е подготвена и во одбранбена и во офанзивна смисла, а целите се веќе одредени – рече Кац.

Чекаме зелено светло од Соединетите Американски Држави, пред сè, за да ја елиминираме династијата Хамнеи, додаде Кац, мислејќи на Моџтаба Хамнеи, кој стана наследник на својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, како врховен лидер на Иран.

Али Хамнеи беше убиен на почетокот на израелско-американската воена операција против Исламската Република Ирам на 28 февруари.

Во моментот на сила е прекин на огнот, но не е познато до кога ќе трае. Американскиот претседател Доналд Трамп завчера го продолжи претходно постигнатото двонеделно примирје и очекува САД да постигнат договор си Ирна.

Поврзани содржини