СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ МАКЕДОНЕЦ КОЈ ИЗНУДУВАЛ ПАРИ СО ПОЗНАТАТА ЛАЖНА ПРИКАЗНА ЗА СООБРАЌАЈКА Над 100.000 евра зел од повеќе жртви за 6 месеци

Станува збор за 42-годишен државјанин на Македонија со иницијали А.К., кој се претставувал како хирург и на жртвите им барал пари затоа штоитно треба да оперира член на нивното семејство кој е тешко повреден во сообраќајна несреќа.

364

Маж од Македонија што лажно се претставувал како лекар денеска е уапсен во Белград под сомнение дека, претставувајќи се како хирург измамил луѓе на кои им зел големи суми пари под познатата лажна приказна дека итно треба да оперира член на нивното семејство кој е тешко повреден во сообраќајна несреќа.

Српските медиуми, повикувајќи се на полицијата и обвинителството, јавија дека станува збор за 42-годишен државјанин на Македонија со иницијали А.К.

Пполицијата го уапсила веднаш откако жртвата му ги дала парите. Кај него биле пронајдени 16.650 евра и 150.000 динари (околу 1.200 евра).

Случајот го водат припадници на криминалистичката полиција во Белград во соработка со Првото основно јавно обвинителство.

„Истрагата не се задржува само на еден случај. Се сомничи дека од ноември минатата година досега, на ист начин, осомничениот и лица по кои сè уште се трага, извршиле повеќе измами на територијата на Белград и незаконски прибавиле повеќе од 100.000 евра“, велат од полицијата.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.

На овој начин, со лажна приказна за сообраќајка, измамници со години ги мамат македонските граѓани.

Поврзани содржини