ЌЕ ЛЕТНЕ ВО ВОЗДУХ СЕКОЈ ИРАНСКИ БРОД ШТО ПОСТАВУВА МИНИ ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ Трамп нареди миноловци да го исчистат преминот
Постојат стравувања дека Иран го минирал теснецот и ако тоа се покаже како вистина, сообраќајот долго време ќе остане блокиран.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека ѝ наредил на американската морнарица да пука и да го крене во воздух секој брод што поставува мини во Ормускиот Теснец.
„Наредив американската морнарица да пука и да го крене во воздух секој брод, без оглед колку е мал (сите нивни воени бродови, сите 159 од нив, се на дното на морето!), што поставува мини во водите на Ормускиот Теснец. Не смее да има двоумење. Исто така, нашите миноловци токму сега го чистат теснецот. Со ова наредувам оваа активност да продолжи, но на тројно ниво! Ви благодарам за вашето внимание по ова прашање“, објави тој на сопствената социјална мрежа Трут соушл.
Постојат стравувања дека Иран го минирал теснецот и ако тоа се покаже како вистина, сообраќајот долго време ќе остане блокиран.