ПОВЕЌЕ ОД 40 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Економско-социјалниот совет дал мислење и за конкретни мерки и за законски решенија

Министерот за економија Бесар Дурмиши посочи дека е разгледан годишниот извештај за работата на Советот за 2025 година, со акцент на постигнатите резултати и потребата од дополнително унапредување на социјалниот дијалог.

40

Оперативниот план за вработување за 2026 година, со кој предвидуваме речиси 40 милиони евра за поддршка на самовработување, отворање нови работни места и обуки, што ќе придонесе за намалување на невработеноста е една од најзначајните точки за кои разговаравме на денешната седница на економско-социјалниот совет, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Дурмиши рече дека Економско-социјалниот совет се издига на повисоко, стратешко ниво, по примерот на европските практики, каде што социјалниот дијалог е суштински дел од носењето на политиките.

На седницата, како што рече,  се отворени важни прашања, што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот е ставен на конкретни мерки и законски решенија.

Министерот посочи дека е разгледан годишниот извештај за работата на Советот за 2025 година, со акцент на постигнатите резултати и потребата од дополнително унапредување на социјалниот дијалог.

Дискутирано е и за предлог-законот за младински додаток, за кој рече дека претставува значајна мерка за поддршка на младите, нивно задржување во државата и поттикнување на економската активност, како и за измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, особено во делот на бенефицираниот стаж, со цел обезбедување поправеден и поодржлив систем за работниците во ризични професии.

Разговарано е и за предлог-законот за заштита од пушење, како и за извештајот за работењето на Агенцијата за вработување.

Поврзани содржини