СООБРАЌАЈЕН ХАОС ВО НАЈАВА В НЕДЕЛА Делови од Аеродром ќе бидат блокирани неколку часа

Меморијална дуатлон трка ќе затвори дел од булеварите АСНОМ и Васко Карангелевски, сообраќајот ќе се пренасочува.

662

Скопје в недела ќе има изменет сообраќај поради одржување на меморијалната трка „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, па возачите ќе мора да сметаат на затворени улици и пренасочување.

Настанот ќе се одржи на 26 април од 09:00 до 13:30 часот, со старт и цел пред Спортски центар „Јане Сандански“. Учесниците ќе се движат по дел од булеварот АСНОМ, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до булеварот Србија, како и по дел од улицата Васко Карангелевски во правец кон Мајчин дом.

Поради трката, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде привремено изменет, а возилата ќе се пренасочуваат по околните улици.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат упатствата на полицијата и да планираат алтернативни рути за да избегнат застои.

Поврзани содржини