11 ВОЗАЧИ БЕЗ ВОЗАЧКА И ЕДЕН КАМЕН ПИЈАН Полицијата приведе 12 лица, кај едно измерени дури 3,95 промили

Дванаесет возачи приведени за безобѕирно возење низ државата, повеќето без дозвола, а еден со речиси 4 промили алкохол.

67

Полицијата приведе 12 возачи низ државата поради опасно и безобѕирно возење, а најшокантен е случајот во Скопје каде возач бил фатен со дури 3,95 промили алкохол во крвта.

Според информациите, дури 11 од приведените воопшто немале возачка дозвола и сепак седнале зад волан. Тројца од нив биле фатени во Скопје, по двајца во Битола, Кочани и кумановскиот регион, а по еден во Прилеп и Велес.

Еден случај особено ја загрижува јавноста – скопјанец управувал возило во тешка алкохолизирана состојба, со ниво на алкохол кое сериозно ја доведува во прашање безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Од полицијата најавуваат дека по целосното расчистување на случаите ќе следуваат кривични пријави против сите сторители.

Воедно, упатен е апел до граѓаните да не седнуваат зад волан без дозвола и да не управуваат возило под дејство на алкохол, со цел да се намалат ризиците на патиштата.

Поврзани содржини