🎥 ЈА НАРЕКОА НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА КОАЧЕЛА Инфлуенсерката од Австралија има 25 години и заработува милиони

Леа Халтон, инфлуенсерка од Австралија, е прогласена за најубава жена на Коачела, а нејзината убавина ги остава без здив луѓето низ целиот свет.

661

Младата инфлуенсерка Леа Халтон (25) стана вирална по видеото на кое ја пее песната „Praise Jah in the Moonlight“ од 2024 година. Ова нејзино видео на Тик-Ток има повеќе од милијарда прегледи, а Леа одеднаш почна да заработува пари.

@looooooooch

Summer😊#Inverted

♬ Praise Jah In The Moonlight – YG Marley

Кога се појави на Коачела, сите очи беа вперени во неа, а луѓето беа воодушевени од нејзината убавина.

Набрзо на социјалните мрежи ѝ беше доделена титулата „најубавата жена на Коачела“.

Со оглед на нејзината популарност и убавина, се постави прашањето колку заработува убавата Леа од Тик-Ток?

@looooooooch

2016 Vibes #coachella

♬ original sound – 𝓲 卌

 

Според податоците достапни на Hafi, аналитичка апликација за инфлуенсери, Леа само минатата година заработила помеѓу 3,1 и 4,6 милиони долари. Овие податоци никогаш не се официјално потврдени, но се претпоставува дека отстапувањата се многу мали, пишува LADbible.

Важно е да се нагласи и дека нејзините приходи многу зависат од месечните прегледи, но дури и кога станува збор за помал број прегледи, нејзината заработка сепак е барем околу 80.000 долари месечно.

Леа сега ја следат околу 16 милиони луѓе на Тик-Ток кои „донесуваат“ пари преку разни спонзорства, а луѓето сметаат дека е неверојатно што сè започнало од едноставно снимање на нејзиното пеење на плејбек.

Нејзината популарност на мрежите ѝ донесе и бројни додворувачи кои постојано ѝ пишуваат пораки, но Леа сè уште останува „недопирлива“.

Поврзани содржини