ПРОДОЛЖЕН КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ГРУБИ Сѐ уште не дал исказ пред обвинител

144

На Артан Груби му е продолжен домашниот притвор со 24-часовен полициски надзор. Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека по предлог на Обвинителството, судот ја продолжил мерката за 30 дена.

Поранешниот вицепремиер и министер по повеќе од 14 месеци бегство се врати на 23 февруари. Поради безбедносни закани, Обвинителството за него побара, а судот додели домашен притвор.

Груби е осомничен заедно со уште еден бегалец, екс директорот на Државна лотарија Перпарим Бајрами за злоупотреби со набавка на ВЛТ апарати при што МВР процени дека државата била оштетена за повеќе од 8 милиони евра.

Груби досега не дал исказ пред обвинител.

Поврзани содржини