ДАЛИ СЕ СЕЌАВАТЕ НА УБАВАТА ШЕХЕРЕЗАДА? Каде е и што прави денес турската глумица Бергузар Корел?

Бергузар Корел, која публиката во Турција, кај нас и во целиот регион, ја засака како Шехерезада во серијата „1001 ноќ“ сѐ уште е со својот Онур (Халит Ергенч), подеднакво убава како и во времето на оваа серија и мајка на три деца.

83

Турската актерка Бергузар Корел ѝ е најпозната на домашната публика како Шехерезада од култната серија „1001 ноќ“, која ги воодушеви гледачите низ целиот регион пред речиси две децении.
Токму оваа улога ѝ го донесе статусот на една од најпрепознатливите ТВ ѕвезди, но и целосно ѝ го промени животот.

Улогата на Шехерезада ѝ донесе повеќе од слава – токму на снимањето на серијата го запозна актерот Халит Ергенч, кој го играше Онур. Нивната романса брзо прерасна во брак, а денес тие се еден од најпознатите парови на турската сцена.

Иако „1001 ноќ“ ја одбележа нејзината кариера, Бергузар Корел продолжи да игра значајни улоги во популарни турски серии.

Публиката можеше да ја види во „Karadayı“, „Vatanım Sensin“, „Bitmeyen Şarkı“, „Muhteşem Yüzyıl: Kösem“, „Kanlı Yayın“ и понови проекти кои се потпираат на посериозни, психолошки теми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Покрај телевизијата, таа се појави и во филмови, вклучувајќи го и познатото дело „Kurtlar Vadisi: Irak“. Корел го менуваше својот имиџ неколку пати во текот на годините, а една година ги шокираше обожавателите со тоа што ја скрати долгата коса и ја обои во руса боја.

Сепак, сега таа повторно е верна на кафеавата коса по која стана позната.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Бергузар се омажи за својот сопруг Халит во 2009 година, и тие ги имаат синовите Али и Хан и ќерката Лејла. Кога се запознаа во серијата, Бергузар имаше 23 години, а Ергенч беше во брак со актерката Гизем Сојсалди, која беше 14 години помлада.

Хемијата набрзо се развила на снимањето, а нивната љубов дополнително била зајакната со заедничко патување во Париз во 2008 година за потребите на серијата.

Халит поднел барање за развод од сопругата Гизем, која во тоа време била бремена и затоа решила да абортира. Халит ѝ платил на поранешната сопруга 250.000 лири по разводот и се оженил со Корел во 2009 година по завршувањето на серијата. Кога се запознале и Бергузар била во долгогодишна врска која ја прекинала поради нејзините чувства кон него.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Бурното познанство било само наговестување за турбуленциите што ќе следат по нивната свадба. Штом ја прифатил главната улога во серијата „Сулејман Величествениот“ во 2011 година, почнале гласини дека ја изневерува сопругата.

На листата на актерки со кои наводно имал афера била и Џансу Дере, која ја играла робинката Фирузе во серијата. Се пишуваше дека има хемија помеѓу поранешната Мис на Турција и актерот, а Бергузар исто така коментираше за оваа наводна измама, велејќи дека сè е лага и дека Џансу им е блиска пријателка.

Многумина сметаа дека сомневањето во верноста на својот сопруг е причината за нејзините чести патувања на снимањето, па дури и Халит изјави дека неговата сопруга е љубоморна и дека тој целосно ја разбира поради тоа.

И покрај сè, тие сè уште се заедно и без оглед на приказните, остануваат еден од најомилените парови во светот.

Поврзани содржини