ИРАН ОТВОРЕН ЗА ДОГОВОР, НО СО УСЛОВИ Пезешкијан ги обвини САД за лицемерие

Техеран сè уште нема официјален став за продолжување на примирјето, додека двете страни размислуваат за нова рунда разговори.

187

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека Иран останува отворен за дијалог и договор, но предупреди дека заканите, санкциите и непочитувањето на обврските се главната пречка за вистински преговори.

– Светот ја гледа вашата бесконечна лицемерна реторика и контрадикцијата меѓу изјавите и делата – напиша Пезешкијан на социјалната мрежа Х, алудирајќи на односите со САД.

Во меѓувреме, Техеран сè уште нема официјален став за евентуално продолжување на примирјето со Вашингтон. Државната агенција „Тасним“ објави дека информациите оти Иран веќе се согласил на продолжување не се точни, додавајќи дека властите ги разгледуваат сите аспекти од предлогот.

Наводите претходно беа поврзани со шефот на дипломатијата Абас Арагчи, но според иранските извори – тие не се веродостојни.

Претседателот на парламентот и главен преговарач Мохамед Багер Калибаф изјави дека примирјето би имало смисла само доколку не ја нарушува поморската блокада и не ја става „светската економија во заложништво“.

Од американска страна, пак, претседателот Доналд Трамп изразил подготвеност да го продолжи примирјето за уште три до пет дена, јавија дел од медиумите.

Според „New York Post“, нова рунда разговори меѓу САД и Иран би можела да се одржи во Пакистан веќе в петок.

Поврзани содржини