ДЊЕПАР ПОВТОРНО ПОД ОГАН Има загинати и повредени во рускиот напад

Во нападот биле погодени станбена зграда, продавница и автомобил, а едно лице сè уште се води како исчезнато.

0

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени во руски напад врз украинскиот град Дњепар, кој се случил во текот на ноќта, соопштија локалните власти.

– Две лица загинаа, осум се повредени. Бројот на настрадани во ноќниот напад врз Дњепар расте. Едно лице сè уште се води како исчезнато – објави на Телеграм началникот на Днепропетровската воена администрација Олександр Ганжа.

Според него, погодени се станбена зграда, продавница и автомобил.

Индустрискиот град Дњепар се наоѓа на околу сто километри од линијата на фронтот, која се протега низ источниот и јужниот дел на Украина. Во сличен напад во оваа област на 14 април загинаа четири лица.

Во меѓувреме, преговорите меѓу Киев и Москва, со посредство на САД, се во застој, додека вниманието на Вашингтон е насочено кон кризата на Блискиот Исток.

Поврзани содржини