УАПСЕН ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МЕТИ СЕЈДИНИ Проневерил 700.000 евра

Подолго време старото раководство на ФФМ беше производ на скандали кои утрово завршуваат со апсења.

699

Уапсен Мухамед Мети Сејдини, експретседател на ФФМ. Првично се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.

Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното обвинителство. Неофицијално, со доаѓање на новото раководство на ФФМ, увидени се злоупотреби кои се пријавени до МВР.

Подолго време старото раководство на ФФМ беше производ на скандали кои утрово завршуваат со апсења.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека во рамки на истрага за проневера и злоупотреба е приведено едно лице, а постапката сè уште е во тек.

„Во рамките на предмет оформен во Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници лишија од слобода едно лице поради сомнение за сторени кривични дела проневера и злоупотреба. Во тек се дејствија по наредба на јавен обвинител, а повеќе информации ќе бидат соопштени по нивното завршување“, информираат од ОЈО Скопје.

Поврзани содржини