ИРАН, СЕПАК, ЌЕ ИГРА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО САД Трамп препорачува да дојдат без навивачите

Иранскиот министер за спорт, Ахмад Донјамали изјави дека тимот ќе патува на турнирот под безбедноста на фудбалерите да биде загарантирана.

84

Портпаролот на владата на Иран ја потврди „целосната подготвеност“ на машката фудбалска репрезентација за учество на претстојното Светско првенство во САД, објави иранската државна телевизија.

Иранскиот министер за спорт, Ахмад Донјамали изјави дека тимот ќе патува на турнирот под безбедноста на фудбалерите да биде загарантирана. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека Иран „сигурно ќе учествува“.

Иран треба да игра против Белгија, Египет и Нов Зеланд во Групата Г.

Иранските власти минатиот месец го доведоа во прашање учеството на иранската фудбалска репрезентација на Мундијалот, бидејќи сите три натпревари од групната фаза требаше да се играат во САД. Предлогот ма Техеран за преместување на натпреварите во Мексико беше одбиен.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранските играчи се „добредојдени“, но додаде дека пристигнувањето со нивните навивачи можеби не е соодветно за нивната безбедност.

Поврзани содржини