НЕКА Е АИРЛИЈА БУЛЕВАРОТ БОРИС ТРАЈКОВСКИ Почна изградбата на долго очекуваната сообраќајница

Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со 4 коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево.

210

Скопје се сака со дела, а не со празни зборови, нека е аирлија булевар Борис Трајковски, објави денеска градоначалникот на Скопје Орце Николовски, со што го означи почетокот на изградбата на оваа долго очекувана сообраќајница.

Како што претходно објави градската власт, проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со 4 коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со овој булевар трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани од овој дел од градот.

Рокот за изведба е до крајот на календарската година.

Поврзани содржини