ДЕВОЈЧИЊА ПОД 15 ГОДИНИ „ОМАЖЕНИ“ ЗА ВОЗРАСНИ МАЖИ, ЕДНИОТ ИМАЛ 49 ГОДИНИ!? Скандал во Делчево, кривични пријави за вонбрачен живот со дете и силување дете
Едната од двете малолетни ќерки, кои немале наполнето ниту 15 години, затруднела и родила дете.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против четири лица поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со вонбрачен живот со малолетници, а едно лице се гони и за силување на дете помладо од 15 години.
Како што соопшти МВР, пријавени се О.Л. (49) од Делчево и Н.Л. (38), како и Н.П. (27) и О.П. (49) од струмичко село.
Според наводите, родителите О.Л. и Н.Л. дозволиле нивната малолетна ќерка од септември 2023 година да живее во вонбрачна заедница со Н.П., при што таа родила дете. Воедно, од март 2024 година дозволиле и нивната втора малолетна ќерка да живее во вонбрачна заедница со О.П..
Против Н.П. е поднесена кривична пријава за „вонбрачен живот со дете“ и за „силување дете кое не наполнило 15 години“, додека останатите се гонат за кривично дело „вонбрачен живот со дете“, согласно Кривичниот законик.
Се работи на целосно расчистување на случајот, пишува МВР.