НЕОВЛАСТЕНО ГО КОРИСТЕЛЕ ПЕЧАТОТ Пријава за фалсификат во велосипедската федерација

Претседателот на федерацијата тврди дека поранешни членови неовластено го користеле печатот и покренале иницијатива за собрание.

230

Претседателот на Велосипедската федерација пријавил сомнеж за повеќе кривични дела извршени од поранешни членови на управното тело на организацијата.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека во Сектор за внатрешни работи Куманово, Е.Ц. (45) од Куманово, кој е претседател на Велосипедската федерација, пријавил дека неколку членови сториле кривични дела како фалсификување службена исправа, злоупотреба на службена положба и затајување.

Според пријавата, тие биле отповикани од функцијата членови на Управниот одбор на седница одржана на 11 март 2026 година. По нивното разрешување, наводно неовластено го употребиле печатот на федерацијата, кој им бил ставен на располагање од поранешниот секретар, и покренале иницијатива за свикување собрание на Велосипедската федерација.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Поврзани содржини