РЕЧИСИ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ИРАНСКА НАФТА ЈА ЗАОБИКОЛИЈА БЛОКАДАТА Американците сопреле 28 бродови, 34 танкери поминале

Најмалку 34 танкери поврзани со Иран ја заобиколија американската блокада. Нафта вредна околу 910 милиони долари поминала низ Ормускиот Теснец.

269

Иранска нафта вредна околу 910 милиони долари поминала низ американската блокада во Ормускиот Теснец, откако најмалку 34 танкери поврзани со Иран ја заобиколиле мерката воведена од Вашингтон, објавува Фајненшл тајмс.

Блокадата започна на 13 април. Насочена е кон бродови што влегуваат и излегуваат од иранските води. На 16 април беше проширена и на отворено море.

Централната команда на САД објави дека пренасочила или вратила 28 бродови.

Според извештајот, најмалку 34 танкери ја заобиколиле блокадата. Од нив, 19 го напуштиле Заливот. Уште 15 влегле од Арапското Море.

Движењето продолжува и покрај притисокот. Морскиот сообраќај останува активен. Контролата очигледно има ограничувања.

Најмалку 6 танкери превезувале сурова нафта. Вкупната количина е 10,7 милиони барели. Поради попуст од околу 10 долари по барел, вредноста на целата нафта која ја превезувале се проценува на 910 милиони долари.

Иранската нафта традиционално се продава за пониско од стандардната цена позната како „Брент“ бенчмарк.

Клучниот Ормуски Теснец останува заглавен додека неизвесноста расте за евентуалната втора рунда преговори. Иранската страна постави услов блокадата од САД да биде крената.

Претседателот на САД синоќа го продолжи примирјето со Иран, одука што медиумите ја коментираа како неочекувана. Часови претходно Трамп изјави дека САД се подготвени за воена акција.

Поврзани содржини