ЛДП БАРА И МИНИСТРИ И СУДИИ ДА НЕМААТ ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Ќе бара измени во изборот на сите избрани и именувани функционери

48

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара и ќе инсистира, покрај измените на Законот за пратеници, да се изменат и законите во кои се регулира изборот на сите избрани и именувани функционери.

– Едно правило да важи за сите. Доста е од дволичности и двојни стандарди. Критериумите и законите треба да важат за сите веднаш и без одлагање. Двојно државјанство не треба да имаат пратеници, министри, директори, јавни обвинители и судии и тоа да важи за сегашните, ама да важи и за идните и тоа без одлагање – вели членот на ИО на ЛДП, Александар Цветкоски.

Тој додава дека нема потреба од половични решенија од типот ќе важи овој мандат, ќе важи другиот мандат, ќе важи за едните, нема да важи за другите.

– Предлагачите на законот нека побараат од сите актуелни носители на функции да ги достават на увид нивните досиеја и сите што имаат двојно државјанство да поднесат оставка – вели Цветкоски.

ЛДП ќе поднесе закон со кој ќе бара од сите избрани именувани лица под морална и кривична одговорност да потврдат дека немаат двојни државјанства.

Поврзани содржини