ТРОЈНО УБИСТВО ВО ПОДГОРИЦА, СО НОЖ УБИЕНИ БРАЌА Убиецот е во бегство, полицијата интензивно го бара

Сомневањата се дека на ова кривично дело му претходеле лични несогласувања меѓу жртвите и осомничениот. Сите убиени се по потекло од Рожаје, соопшти полицијата.

530

Тројно убиство се случило ноќеска во изнајмен стан во населбата Стари Аеродром во Подгорица, полицијата извести дека се пронајдени безживотни тела на тројца млади мажи.

Осомничен за убиствата е Вехид Муриќ од Рожаје, кој е во бегство, а полицијата интензивно трага по него. Подгорица е под полициска опсада.

Како што пишуваат црногорските медиуми, меѓу убиените се браќата Денис Хот (28) и Незрин Хот (27), исто така од Рожаје. Осомничениот бил пријател со жртвите и работеле заедно на градилиште во Подгорица.

Злосторството, според полицијата, не е поврзано со судир меѓу криминални групи.

Истражителите веруваат дека мотивот за злосторството е личен.

„Сомневањата се дека на ова кривично дело му претходеле лични несогласувања меѓу жртвите и осомничениот. Сите убиени се по потекло од Рожаје“, соопшти полицијата.

Според прелиминарните информации, убиствата се извршени со ладно оружје.

Се верува дека осомничениот по злосторството избегал во својот роден град, каде што бил насилен кон својата мајка во семејниот дом. Семејството го пријавило нападот врз жената во полиција, што потоа довело до откривање на тројно убиство во Подгорица.

„Денеска во Подгорица, во населбата Стари Аеродром, се пронајдени 3 тела – тројца возрасни мажи чиј идентитет ни е познат. Службеници на Одделот за безбедност на Подгорица, во соработка со Северниот регионален центар за безбедност и во координација со надлежното Вишо државно обвинителство во Подгорица, ги преземаат сите потребни мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан“, соопшти Полициската управа.

Полицијата објави фотографии од осомничениот и ги повика граѓаните да пријават ако го видат.

Фото: Црногорска полиција
Поврзани содржини