ТУРСКАТА ПОЛИЦИЈА УАПСИ 110 РУДАРИ ШТО ПОЧНАА ШТРАЈК СО ГЛАД ВО АНКАРА Некои не зеле плата 4 месеци

Рударите го почнаа својот протест пред 9 дена со марш од западниот турски град Ескишехир кон главниот град.

44

Турските власти приведоа вкупно 110 рудари кои почнаа штрајк со глад пред зградата на Министерството за енергетика во Анкара поради неисплатени плати и надоместоци, објави денеска порталот „Туркиш минит“.

Рударите го почнаа својот протест пред 9 дена со марш од западниот турски град Ескишехир кон главниот град. По пристигнувањето пред Министерството, тие ги соблекоа маиците и шлемовите, прогласувајќи штрајк со глад, по што интервенираше полицијата и ги приведе демонстрантите.

Протестот беше организиран од Синдикатот на независни рудари во Турција во име на вработените во компанијата „Дорук мајнинг“.

На социјалната мрежа „Икс“ беа објавени и снимки од моментот на приведувањето.

Учесниците во штрајкот тврдат дека некои од нив немаат земено плата веќе четири месеци. Адвокатот на синдикатот, Абдурахим Демирурек, изјави за „Туркије тудеј“ дека вработените во оваа фирма досега организирале повеќе од 20 протести, но нивните барања сè уште не се исполнети.

Поврзани содржини