📽️ ДРАМАТИЧНО ПУКАЊЕ КАЈ ПОЗНАТАТА ПИРАМИДА ВО МЕКСИКО Убиена е Канаѓанка, 13 лица се повредени
Пукање во археолошкиот комплекс Теотихуакан во Мексико однесе еден живот и повреди неколку лица. Напаѓачот се самоубил, а истрагата за мотивот е во тек. Инцидентот доаѓа пред најавеното Светско првенство во фудбал чиј домаќин е и Мексико.
Kанадска туристка е убиена, а 13 лица се ранети откако напаѓач отвори оган во археолошкиот комплекс Теотихуакан во Мексико и потоа се самоуби, соопштија властите во Мексико.
Инцидентот се случил на една од најпознатите туристички локации во земјата. Станува збор за античка пирамида под заштита на УНЕСКО.
Сведоци опишуваат хаотични сцени.
– Имаше голем притисок и паника додека сите трчаа кон излезот – изјавил британски турист.
Тој додал дека пукањето станувало сè погласно. Дел од луѓето викале дека напаѓачот се приближува. Ситуацијата брзо излегла од контрола.
Мексиканските власти потврдија дека една туристка од Канада е убиена. Меѓу ранетите има државјани од Колумбијци, Русин и Канаѓанец. Тие се пренесени во болница. Се лекуваат од прострелни рани.
Полицијата соопшти дека напаѓачот по нападот си го одзел животот. На местото биле пронајдени огнено оружје, сечило и муниција. Идентитетот не е објавен.
Мотивот за нападот засега не е познат. Властите спроведуваат истрага. Се анализираат сите околности.
Сведоци посочуваат дека немало координирана евакуација. Туристите самостојно се обидувале да излезат. Дел од нив велат дека немало безбедносни проверки на влезот.
– Немаше никаква координирана евакуација – изјавил сведок.
Полицијата пристигнала и го обезбедила местото. Истрагата продолжува.
Теотихуакан е еден од најважните археолошки локалитети во Мексико. Годишно привлекува милиони туристи. Локацијата е дел од светското наследство на УНЕСКО.
Инцидентот доаѓа пред Светското првенство во фудбал.
Се очекуваат милиони посетители во земјата. Властите најавуваат засилени безбедносни мерки.