ВРЕМЕТО ЗА ЕВРОПСКИТЕ ПАРИ ИСТЕКУВА Урсула фон дер Лајен бара Унгарија да спроведе брзи реформи
Претседателката на ЕК рече дека околу 6,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ за закрепнување од пандемијата би можеле да бидат изгубени ако Будимпешта не ги исполни условите до крајот на август.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен апелираше Унгарија да спроведе брзи реформи чиј напредокот е клучен за ослободување на милијарди замрзнати фондови на ЕУ.
Таа рече дека околу 6,5 милијарди евра од фондовите на ЕУ за закрепнување од пандемијата би можеле да бидат изгубени ако Будимпешта не ги исполни условите до крајот на август.
Временскиот притисок е „огромен“, рече таа, додавајќи дека два дена претходно испратила група високи функционери во Унгарија да работат со тимот на победникот на изборите, Петер Маѓар, за да ги спроведат потребните реформи и инвестиции.
Фон дер Лајен рече дека Унгарците „заслужуваат да ги добијат овие европски средства“ кога ќе бидат исполнети условите.
Средствата беа задржани поради загриженост за владеењето на правото под водство на премиерот во заминување Виктор Орбан.
На прашањето дали Брисел требало да заземе построг став, фон дер Лајен рече дека ЕУ била „исклучително строга“, замрзнувајќи вкупно 17 милијарди евра – дефицит за кој таа рече дека влијаел врз конкурентноста на Унгарија и влијаел на резултатот од изборите.