ЛЕТАЛ СО РЕЧИСИ 100 КМ/Ч НАД ДОЗВОЛЕНОТО Гостиварец остана без „бесниот“ мерцедес

Возач од Гостивар фатен со 178 км/ч на патот кон Тетово, полицијата веднаш го одзеде возилото.

685

Возач од Гостивар остана без автомобил откако бил фатен како вози со неверојатни 178 километри на час на патот меѓу Гостивар и Тетово.

Според информациите од полицијата, брзината била измерена со специјално возило „пресретнувач“ на Министерство за внатрешни работи. Станува збор за патничко возило мерцедес со гостиварски таблички, кое се движело со 178 км/ч надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км/ч.

Зад воланот бил 44-годишниот К.И. од Гостивар. Полицијата веднаш го одзела возилото, а против возачот ќе следуваат законски санкции.

Од полицијата најавуваат дека контролите со пресретнувачи ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел да се намали бројот на сообраќајни незгоди.

Брзото возење, како што посочуваат, е една од главните причини за тешки сообраќајни несреќи, кои често завршуваат со сериозни последици.

Поврзани содржини