ГЕРМАНИЈА ЌЕ КУПИ ОРУЖЈЕ ОД САД ЗА 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Берлин нарачал радари, ракетни лансери и системи за управување во борба

Стејт департментот ја одобри продажбата на оружјето, чија цел е подобрување на националната и колективната одбрана на Германија и зајакнување на соработката со силите на САД и на Алијансата.

112

САД одобрија продажба на оружје на Германија во вредност од приближно 10 милијарди евра, објави Стејт департментот.

Одобрението го вклучува барањето на германската Влада и е дел од политиката за зајакнување на капацитетите на сојузниците на НАТО, објави германскиот „Шпигел“.

Продажбата сè уште треба да се достави до американскиот Конгрес, каде би можело да се поднесат приговори.

Планираниот пакет оружје вклучува 8 интегрирани системи за управување со борба, модерни радарски системи и ракетни лансери, наменети за зајакнување на поморските капацитети и за подобра интеграција со силите на НАТО.

Целта на договорот, според соопштението, е подобрување на националната и колективната одбрана на Германија, како и зајакнување на соработката со силите на САД и на Алијансата.

Главни изведувачи во бизнисот би биле американските одбранбени компании „Локид Мартин“ и „РТК Корпорејшн“.

Поврзани содржини