ВОЈНАТА ВО ИРАН НЕ ДОНЕСЕ МИГРАНТИ ВО ЕВРОПА Шефот на германската полиција ја следи ситуацијата

Гледаме високо ниво на внатрешна миграција во Иран и во Либан, но сè уште не откриваме притисок на турската граница, вели германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

113

Војната во Иран досега не доведе до зголемена миграција кон Европа, вели германскиот министер за внатрешни работи Александар Добриндт.

– Во моментов не гледаме зголемен миграциски притисок – вели Добриндт во интервју за весникот „Рајнише пост“.

Министерот рече дека властите внимателно ги следат миграциските движења во Иран и во Либан.

– Гледаме високо ниво на внатрешна миграција во двете земји, но сè уште не откриваме притисок на турската граница. Тоа би бил првиот индикатор за понатамошно миграциско движење кон Европа – рече Добриндт.

Тој додаде дека сепак се подготвуваат мерки на претпазливост на европско ниво.

Добриндт, исто така, ја остави отворена можноста за продолжување на внатрешните гранични контроли по септември.

– Прашањето за продолжување на граничните контроли не зависи исклучиво од ситуацијата во Германија – рече министерот.

Реформата на Заедничкиот европски систем за азил (CEAS) треба да стапи на сила низ цела Европа на 12 јуни.

– Системот мора да биде функционален, а меѓународната ситуација и нејзините можни ефекти, исто така, играат голема улога – рече Добриндт.

Додаде дека наредните недели ќе покажат како ќе се развива ситуацијата, особено на Блискиот Исток, и какви миграциски движења можат да следат.

Поврзани содржини