СПОРЕД ЛУКАШЕНКО, ТРАМП МУ ПОКАЖАЛ НА СВЕТОТ ДЕКА САД НЕ СЕ СУПЕРСИЛА „Ако не можат со Иран, како би се справиле со Кина или со Русија?“

Трамп го покажа вистинското лице и можностите на Америка. Тие не се бесконечни, а ситуацијата може да доведе до тоа, САД да бидат принудени да ги земат предвид интересите на другите држави, што значи дека светла иднина е пред вратата - вели Лукашенко.

400

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, за време на војната во Иран, му ги покажал на светот вистинските способности на Соединетите Американски Држави, имено дека тие не се семоќни.

– Трамп му покажа на целиот свет дека Соединетите Американски Држави не се семоќни. Во однос на нивната моќ, тие се супердржава, но не и суперсила. Сите го разбраа тоа – изјави Лукашенко за „Рашa Тудеј“, пренесува Интерфакс.

Лукашенко рече дека „главниот непријател на Америка е Кина“.

„Aко Американците не можеа да се справат со Иран, го кажав ова одамна, најдобро им е да не се задеваат со Кина. Тие имаат таква моќ таму што никогаш нема да можат да се справат со неа. Американското раководство сфати дека се супердржава, но не и суперсила. И со тоа, дадоа надеж дека Американците, откако ќе разберат, ќе го земат ова предвид не само за Кина, туку и за Русија – рече Лукашенко.

Тој изјави дека „Русија е огромна територија“ и дека САД „нема да можат да направат ништо таму со ракети“.

– Ќе им снема ракети побрзо од руската територија. И Иран го покажа тоа. Не зборувам за последиците што ги претрпеа Блискиот Исток и глобалната економија, поради оваа неодговорна авантура во Иран. Фактите на површината покажуваат дека Американците мора да застанат и да сфатат дека, покрај интересите на САД (Гренланд, Куба, Венецуела, Никарагва, Панамскиот канал и остатокот од Западната хемисфера), покрај вашите интереси, постојат други земји, дури и во Западната хемисфера, и тие постојат, и имаат свои интереси – истакна белорускиот претседател.

Според него, Трамп го покажа вистинското лице и можностите на Америка.

– Тие не се бесконечни, а ситуацијата може да доведе до тоа, Американците да бидат принудени да ги земат предвид интересите на другите, што значи дека светла иднина е пред вратата – рече Лукашенко.

Поврзани содржини