📽️ ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО НЕАПОЛ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН Вооружени мажи држеа 25 заложници и избегаа низ тунел

Вооружени разбојници држеле 25 лица како заложници во банка во Неапол, а потоа избегале преку подземен тунел со неколку лични сефови.

246

Вистинска драма се одвивала среде ден во Неапол, каде неколку вооружени мажи ограбиле филијала на банка и држеле 25 луѓе како заложници, пред да избегаат преку подземен тунел.

Грабежот започнал околу 11 часот во подружница на Кредит агрикол, по што полицијата веднаш го опколила објектот. Во банката во тој момент имало вработени и клиенти, кои биле задржани од напаѓачите.

 

Според локалните медиуми, заложниците биле ослободени повеќе од два часа подоцна, по преговори со полицијата. Пожарникарите дури скршиле прозорец за да им помогнат на луѓето побрзо да излезат од објектот.

 

Еден од присутните изјавил дека напаѓачите ги заклучиле во посебна просторија, но не покажале насилство и покрај тоа што биле вооружени.

 

– Никој не е сериозно повреден. Благодарение на брзата реакција, сите заложници беа ослободени кратко по 13:30 часот – изјави регионалниот функционер Микеле ди Бари.

 

Неколку часа подоцна, специјалните полициски единици упаднале во банката, користејќи истрели и шок-бомби. Но, според информациите, разбојниците веќе биле избегани.

Се претпоставува дека избегале преку тунел поврзан со канализацискиот систем. Засега не е познато колкав плен однеле, бидејќи наместо готовина, од банката биле однесени неколку лични сефови.

Поврзани содржини