ИСПОРАКИТЕ НА РУСКА НАФТА ЗА УНГАРИЈА ЌЕ ПОЧНАТ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА Најавено рестартирање на нафтоводот Дружба

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот петок изјави дека Украина постигнала значителен напредок во реставрацијата на оштетениот нафтовод Дружба и дека поправките ќе бидат завршени пролетва.

86

Победникот на унгарските парламентарни избори, Петер Маѓар, денеска изјави дека испораката на руска нафта преку нафтоводот Дружба би можела да продолжи следната недела.

Тој рече дека од унгарската нафтена и гасна група МОЛ му рекла дека „врз основа на информации од нивните партнери, очекуваат нафтоводот Дружба да биде рестартиран следната недела“.

Унгарија и Словачка се исклучени од нафтоводот Дружба од крајот на јануари, откако руски напад со беспилотни летала оштети нафтовод во западна Украина.

Унгарија го блокираше европскиот заем за Украина поради Дружба, а словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар вчера изјави дека Словачка ќе блокира нова рунда санкции на Европската Унија против Русија доколку не добие гаранции за испорака на нафта преку нафтоводот Дружба.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатиот петок изјави дека Украина постигнала значителен напредок во реставрацијата на оштетениот нафтовод Дружба и дека поправките ќе бидат завршени пролетва.

-Ќе ги завршиме поправките бидејќи тоа е договорот. Им реков дека ќе ги завршиме оваа пролет – рече Зеленски.

Поврзани содржини