ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЊУЈОРК ОТВОРА ЈАВНИ ПРОДАВНИЦИ Во најава е и бесплатен превоз

Мамдани стана градоначалник на првиот ден од 2026 година и ги доби изборите токму ветувајќи политики за кои тврдеше дека ќе ги намалат цените во градот кој стана премногу скап за живеење за сите освен за најбогатите.

60

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани најави отворање на 5 евтини градски продавници во Њујорк, а првата ќе се отвори во Источен Харлем следната година.

Покрај „јавните продавници“, тој најави и бесплатен јавен превоз и ограничувања за кирија во градот.

Првата продавница ќе биде изградена на градско земјиште во Ист Харлем, во северен Менхетен, каде што 40% од жителите добиваат некаков вид владина помош. Брендовите „Алди“, „Таргет“ и „Костко“, меѓу другите, се наоѓаат во тој дел од градот што , според американските економисти ќе биде силна конкуренција за јавните продавници.

Но градоначалникот вели дека сè ќе биде поевтино во градските продавници  и покрај конкуренцијата.

-Јајцата ќе бидат поевтини, лебот ќе биде поевтин. Купувањето намирници повеќе нема да биде нерешлива равенка. Сега некои ќе инсистираат дека градските продавници не можат да функционираат. Дека државните имоти не можат да се натпреваруваат со корпорациите. Мојот одговор на нив е едноставен: се радувам на конкуренцијата – рече Мамдани.

Мамдани стана градоначалник на првиот ден од 2026 година и ги доби изборите токму ветувајќи политики за кои тврдеше дека ќе ги намалат цените во градот кој стана премногу скап за живеење за сите освен за најбогатите.

Поврзани содржини