„ИМАМЕ МНОГУ ДОБРИ ОДНОСИ СО ИРАН ВО МОМЕНТОВ“ Трамп уверен дека ќе има напредок викендов

Трамп изјави дека Иран е заинтересиран за постигнување договор и посочи дека „денеска е подготвен да прави работи што не беше подготвен да ги направи пред два месеци“.

157

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска навести дека новата рунда разговори со Иран би можела да се одржи во текот на викендот и рече дека не е сигурен дека е потребно да се продолжи примирјето со оваа земја.

Одговарајќи на прашање од новинарите пред Белата куќа, Трамп рече дека САД се справуваат „многу добро“ со Иран и дека не е сигурен дали е потребно да се продолжи примирјето, но додаде дека ќе го стори тоа „доколку е потребно“.

„Имаме многу добри односи со Иран во моментов“, рече Трамп.

Тој изјави дека Иран е заинтересиран за постигнување договор и посочи дека „денеска е подготвен да прави работи што не беше подготвен да ги направи пред два месеци“.

Трамп изјави дека постои можност лично да отпатува во Пакистан за потпишување мировен договор за прекин на конфликтот со Иран, пренесува Си-ен-ен.

– Доколку се постигне договор во Исламабад, можеби ќе одам. Тие сакаат да одам – додаде тој.

Toj ги пофали пакистанските посредници во преговорите, оценувајќи ја нивната улога како значајна во напорите за постигнување мировно решение.

На прашањето што ќе се случи ако САД и Иран не постигнат траен договор, Трамп рече дека воените напади повторно ќе бидат засилени, пренесува Си-ен-ен.

„Ако нема договор, конфликтите продолжуваат“, рече тој.

Поврзани содржини