НАПРАВЕТЕ СИ ПРОЛЕТНА ТИНКТУРА ПРОТИВ ХОЛЕСТЕРОЛ Сега е време за познатиот „убиец на отрови“

Мечкин лук, див лук или сремуш, чија сезона е токму сега, освен за срцето, е добар и за респираторниот тракт, кожата, како и за детоксикација

123

Крајот на март и април се месеци на мечкин лук, див лук или сремуш, кој го нарекуваат и „убиец на отрови“. Ретки се билките кои така добро го чистат дигестивниот систем и крвта, како сремушот, поради што треба да се јаде што е можно почесто. На пролет, тој е најефикасен и е совршен чистач на крвта, жолчката и црниот дроб од токсините што се насобрале во организмот во текот на зимата.

За детоксикација

Консумирањето на свеж див лук има корисен ефект врз паразитите во цревата, ги штити цревата од иритација. Ефикасен е и за чистење на организмот од токсини. Ги чисти црниот дроб, бубрезите, цревата и жолчното кесе.

За респираторните органи

Помага при лекување на бронхитис, ги чисти дишните патишта, го олеснува дишењето и ја намалува кашлицата.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини