САД И ИРАН СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ГИ ПРОДОЛЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ Најверојатно повторно во Исламабад

Вашингтон и Техеран постигнале принципиелен договор за продолжување на преговорите, но точниот датум и место сè уште не се прецизирани.

59

САД и Иран веројатно следната недела ќе ги продолжат преговорите за прекин на конфликтот, а нова средба би можела да се одржи во Пакистан, дознава денеска Скај Њуз, повикувајќи се на упатени извори.

Според извештаите, новата рунда разговори ќе се одржи во Исламабад, по претходната средба одржана во пакистанскиот главен град минатата недела.

Слични информации објави и „Волстрит Џурнал“, во кои се наведува дека Вашингтон и Техеран постигнале принципиелен договор за продолжување на преговорите, но дека точниот датум и место сè уште не се утврдени.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно за „Њујорк Пост“ телефонски изјави дека „нешто би можело да се случи во следните два дена“, одговарајќи на прашање за можни нови разговори со Иран.

По нападите на на САД и Израел врз Иран, што започна на 28 февруари, на 8 април беше постигнат договор за двонеделен прекин на огнот, со посредување на Пакистан. На 11 април во Исламабад се одржаа разговори меѓу американската делегација, предводена од американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, и иранската делегација предводена од претседателот на иранскиот Парламент Мохамед Багер Калибаф, но не беше постигнат никаков договор.

Поврзани содржини