🎥 НИ ТРЕБА ГРЕНЛАНД ЗА ДА ГО ШТИТИМЕ СВЕТОТ ОД РУСИЈА И ОД КИНА Трамп пак го отвори прашањето за данскиот остров

Американскиот претседател Доналд Трамп долго време се залага за идејата САД да го преземат Гренланд, автономна територија во рамките на Кралството Данска, што предизвика остри реакции од Копенхаген и од Брисел.

348

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го отвори прашањето за Гренланд, велејќи дека САД треба да ја преземат контролата врз територијата заради глобалната безбедност.

– Како можете да имате земја… Како можете да имате група земји со таков став? Погледнете го Гренланд. Треба да го имаме Гренланд за да го заштитиме светот од Русија и од Кина. Штом го споменам тоа, одеднаш почнуваат… вие… Оваа земја не треба да плаќа трилиони долари на НАТО – рече Трамп во интервју за Фокс њус.

Трамп долго време се залага за идејата САД да го преземат Гренланд, автономна територија во рамките на Кралството Данска, што предизвика остри реакции од Копенхаген и од Брисел. Данските власти постојано јасно ставаат до знаење дека Гренланд не е на продажба, додека лидерите на Европската Унија ги оценија таквите изјави на Трамп како неприфатливи.

Тензиите дополнително се зголемија откако Трамп претходно ја предложи можноста за воено преземање на островот, што предизвика загриженост кај европските сојузници. Иако подоцна во говорот на Светскиот економски форум во Давос изјави дека не планира да ја користи војската, тој нагласи дека САД не се откажуваат од идејата за преземање на Гренланд.

Трамп со години ги обвинува сојузниците во НАТО дека не трошат доволно за одбрана и дека се потпираат на американската воена моќ.

Тој постојано ја доведува во прашање иднината на американското членство во НАТО, тврдејќи дека на алијансата ѝ недостасува доволно сила за одвраќање. Трамп претходно изјави дека НАТО е „хартиен тигар“ и дека рускиот претседател Владимир Путин не се плаши од алијансата, туку од САД.

Поврзани содржини