ДАНОКОТ ОД ПРИХОДОТ ОСТВАРЕН ВО СТРАНСТВО Е ЗАКОНСКА ОБВРСКА И ТРЕБА ДА СЕ НАПЛАТИ Даночната управа објави колку должат граѓаните од 2020 година

За 2025 година, податоците покажуваат дека 70.869 граѓани имале приливи од странство во вкупен износ од 577 милиони евра, но УЈП нагласува дека не се сите оданочиви. Досега се испратени 9.522 известувања, а 4.459 лица доброволно поднеле пријави.

217

Oданочувањето на доходот остварен во странство не претставува нова обврска, туку примена на постоечки закон кој важи со години, повтори денеска Управата за јавни приходи на брифинг со медиумите.

Според УЈП, системот во државата функционира врз принцип на самооданочување, што значи дека граѓаните сами ги пријавуваат приходите, додека институцијата обезбедува контрола, поддршка и наплата. Особено е нагласено дека обврската за пријавување важи и за доходи остварени во странство, особено кога нема домашен исплатувач.

Во практиката, пресврт се случува од 2024 година, кога започнала системска обработка на податоците од банките.

За 2020 година биле испратени 11.527 известувања, по што 2.276 лица доброволно пријавиле доход, а за 3.637 лица УЈП утврдила обврска по службена должност. Вкупно утврдениот данок изнесува 171,6 милиони денари, од кои досега се наплатени 30,4 милиони. Тужби се поднесени за 331 лице.

За 2025 година, податоците покажуваат дека 70.869 граѓани имале приливи од странство во вкупен износ од 577 милиони евра, но УЈП нагласува дека не се сите оданочиви. Досега се испратени 9.522 известувања, а 4.459 лица доброволно поднеле пријави.

Од институцијата потенцираат дека пристапот не е репресивен – не се започнало со казни ниту присилна наплата, туку со известувања, средби и поддршка за доброволно усогласување.

Во однос на дилемите за двојно оданочување, УЈП тврди дека тоа не постои доколку граѓаните достават доказ дека данокот е платен во странство и ја следат пропишаната процедура.

Посебно внимание е посветено на специфични категории, како граѓани ангажирани во мисии во Авганистан и Ирак и студенти кои работеле во странство.

За дел од лицата ангажирани во странски мисии во 2020 година, по нивното тврдење дека платиле данок во странство, но поради временска дистанца не можат да обезбедат докази, УЈП излезе во пресрет и веќе е побарана проверка од странски администрации преку Министерството за надворешни работи за 257 лица. Досега има одговор само за едно лице, но постапката уште трае.

Во однос на студентите кои работеле во странство и нивните реакции, УЈП тврди дека има податоците од банките за 134 млади лица родени по 2.000 година со кои се организирани директни средби за појаснување на обврските и можностите за плаќање.

Досега 19 лица поднеле е-ППД, а 10 лица веќе платиле данок. Разгледана е и можноста за плаќање на рати на обврската.

Од УЈП заклучуваат дека целта не е казнување, туку правичен систем и еднаков третман за сите, со најави дека контролите и анализите ќе продолжат.

Поврзани содржини