БИТОЛЧАНЕЦ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ПИШТОЛ Полицијата го уапси насилникот
На 14.4.2026 година во 13 часот полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.А.(30) од Битола затоа што во селото Лавци, битолско, со огнено оружје се заканувал на И.Р.(24) од Битола, соопшти полицијата.
Маж од Битола вчера се заканувал со пиштол. Полицијата го уапси.
„На 14.4.2026 година во 13 часот полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.А.(30) од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека во селото Лавци, битолско, поради недоразбирање, со огнено оружје се заканувал на И.Р.(24) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава“, соопшти полицијата.