КИНЕСКИ ТАНКЕР ПОМИНА НИЗ ОРМУЗ И ПОКРАЈ БЛОКАДАТА ОД САД Испловил од пристаниште во Емиратите

„Рич Стари“ е првиот танкер што помина низ Ормуз и го напушти Персискиот Залив вчера во 16 часот по средноевропско време, кога стапи во сила американската блокада на сообраќајот од иранските пристаништа.

381

Кинескиот танкер „Рич Стари“, кој е под санкции на Соединетите Американски Држави, помина низ Ормускиот Теснец откако отплови од пристаниште во Обединетите Арапски Емирати, и покрај американската блокада, покажуваат податоците за поморски сообраќај на веб-страницата „Марин Трафик“.

Податоците покажуваат дека танкерот со кинески екипаж бил натоварен во пристаништето Хамрија  во ОАЕ.






„Рич Стари“ е првиот танкер што помина низ Ормуз и го напушти Персискиот Залив вчера во 16 часот по средноевропско време, кога стапи во сила американската блокада на сообраќајот од иранските пристаништа.

Танкерот и неговиот сопственик, компанијата „Шангај Сјуанрун Шипинг“ се под американски санкции поради тоа што работат со Иран.

 

Поврзани содржини