УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели дека тоа важи и за Никола Груевски

638

Одговарајќи на новинарски прашања, победникот на изборите кој се очекува да биде нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар, во врска со двајца поранешни полски функционери, се осврна и на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски.

– Мислам дека бев многу јасен по тоа прашање кога говорев претходно. Реков дека не треба да купуваат мебел во Унгарија од ИКЕА, бидејќи нема да останат долго. Унгарија нема да биде депонија за странски криминалци. И тоа не се однесува само на нив, туку и на господинот Никола Груевски, поранешен претседател на Владата на Северна Македонија, кој, исто така, е престапник. Ова не е само затоа што е фер и праведно, туку очекуваме и од другите европски земји доколку кај нив има унгарски криминалци да ги екстрадираат во земјава, а во духот на европската соработка. Во таа насока им порачувам на господата Жибро и Романовски доколку нема што да кријат тогаш треба да си одат дома и да се соочат со правдата. Доколку сè уште не си заминале ние ќе ги екстрадираме во Полска – рече Маѓар.

Поврзани содржини