КИДНАПИРАЛЕ МОМЧЕ ОД НЕГОТИНО И ГО НАТЕПАЛЕ Му се заканувале со пиштол и го однеле на непозната локација

492

Двајца мажи од Демир Капија киднапирале 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и со остар предмет, го однеле на непозната локација и физички го нападнале.

Како што соопшти полицијата, вчера (12.04.2026) лишени се од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од селото Корешница, Демиркаписко. Тие со патничко возило „мерцедес“ противправно го лишиле од слобода момчето од Неготино.






Полицијата ги пронашла и ги одзела пиштолот и останатите предмети.

Б.М. и Ќ.С. се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини