ДЕЦАТА ДОБИЛЕ РАСЕКОТИНИ ОБИДУВАЈЌИ СЕ ДА ГО СПРЕЧАТ ТАТКА СИ ВО НАСИЛСТВОТО Кршење покуќнина, напади и закани врз сопруги
Шест лица се лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, соопшти полицијата.
На 12.04.2026 во 17:50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ.(41) од Скопје, поради тоа што на 11.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга и ѝ упатувал закани.
На 13.04.2026 во 00:40 часот во Скопско, полицијата го лишила од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради тоа што на 12.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани. Потоа, според пријавеното, неговите ќерка и син при обид да му ги земат острите предмети се здобиле со расекотини.
На 13.04.2026 во 04:10 часот лишен од слобода е Н.К.(40) од Хрватска, поради тоа што во домот на подрачјето на Центар физички ги нападнал неговата партнерка О.К.(37) од Украина и нејзината сестра, упатувал закани и искршил дел од покуќнината. Исто така во 09:00 часот Н.К. пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата партнерка О.К. која се обидела со остар предмет да го нападне.
На 12.04.2026 во 16:00 часот во СВР Куманово, вработена во Центарот за социјални работи Куманово пријави дека 13-годишник од Куманово бил психички малтретиран од неговиот татко и бил избркан од неговиот дом. Малолетникот ќе биде сместен во згрижувачко семејство, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.04.2026 лишен е од слобода С.С. (26) од Кичево, поради пријава од 27-годишна жена од Кичево дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.С. и од Ќ.Д..
На 13.04.2026 полициски службеници го лишија од слобода Д.С. (33) од Охридско, постапувајќи по пријава од неговата 24-годишна сопруга со која се во бракоразводна постапка, дека ноќта 12/13.04.2026 ѝ го одзел насилно мобилниот телефон, по што физички ја нападнал и ја принудил да влезе во неговото возило, каде исто така ја нападнал и ѝ нанел повреди.
На 13.04.2026 во 01:15 часот во Богданци, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 37-годишен жител на Богданци, постапувајќи по претходна пријава дека 12.04.2026 околу 22:00 часот во семејниот сом физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. Тој е задржан во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.