МАКЕДОНИЈА И УНГАРИЈА ИМААТ ОФИЦИЈАЛНА СОРАБОТКА Во главата на Филипче тоа се „тајни бизнис врски“

483

ВМРО-ДПМНЕ му одговори на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и дека Македонија и Унгарија имаат соработка на повеќе полиња заснована на договори.

„Венко Филипче, верен чувар на фотелјата на Зоран Заев во СДС заедно со неговото ново раководство, време е да почнат да живеат тука и сега. Да му објасниме што значи тоа. Прво, нема никакви тајни бизнис врски со Виктор Орбан и неговата партија. Второ, има официјални државни договори и соработка. Тоа значи договори меѓу Македонија и Унгарија, има соработка како две држави од ист континент Европа кои соработуваат на повеќе полиња. Можеби Филипче со неговиот ментор Заев работел така па мисли сите работат тајно и криминално. Оттука, Филипче нека се свести и нека се фати за неговата примарна задача, а тоа е да го оттргне СДС од Заев, поточно да се огради јасно од неговите криминални бизнис врски, криминални зделки и слично“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму ги повикуваат надлежните институции во правосудството да постапат по сѐ што е изведено во јавноста како информација.

СДСМ преку соопштение претходно објави дека „со падот на режимот на Орбан во Унгарија, наскоро може да дојде до целосно откривање на сите тајни бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски“. СДСМ најави дека ќе бара целосна истрага на сите „бизнис комбинации меѓу Орбан и Мицкоски“.
Поврзани содржини