ЈОВАНА ЈЕРЕМИЌ ВО НОВ ФИЛМ Ќе се мажи за боксер, не признава дека е трудна, но знае дека својот иден син ќе го крсти по светецот Василиј Острошки
Избраник на контроверзната српска водителка е Милош Стојановиќ, боксер познат по прекарот Тигар. Свадбата ќе биде во Црна Гора.
Српската водителка Јована Јеремиќ повторно го привлече вниманието на јавноста откако отворено проговори за својата бременост, но и за плановите со својот партнер Милош Стојановиќ, боксер познат по прекарот „Тигар“.
Јеремиќ откри дека сериозно размислува за уште едно дете и дека веќе донела одлука за името, доколку добие син.
„Ќе се вика Василиј“, изјави таа, објаснувајќи дека името го избрала по Василиј Острошки, еден од најпочитуваните светци во православието. Според неа, името треба да носи сила, духовност и карактер.
Водителката, една од најконтроверзни телевизиски личности во Србија, позната по многу гафови и скандали, за српскиот портал Телеграф тврди дека мајчинството е нејзината најголема животна мисија и дека е подготвена за ново поглавје. Таа не крие дека долго време размислува за проширување на семејството и дека моментално се чувствува исполнето и стабилно. Сепак, не признава дека е бремена.
Двојката веќе прави планови за свадба, која, како што откри, нема да се одржи во Србија, туку во Црна Гора.
„Сакаме нешто поинакво, посебно“, порача таа, додавајќи дека церемонијата ќе се организира во странство, на ексклузивна локација. Идејата е свадбата да биде интимна, но луксузна, со атмосфера која ќе наликува на бајка.
Од бракот со нејзиниот поранешен сопруг Војислав Милошевиќ, Јована Јеремиќ ја има ќерката Леа.