СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична пријава за Неовластено влегување и правење скици на воени објекти
Пријавениот како возач на автобус од фирма со која Министерството за одбрана имало склучено договор за организиран меѓугарнизонски превоз, во кругот на касарната во Тетово направил три видео записи кои ги споделил преку мобилна апликација. соопшти полицијата.
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против скопјанец за неовластено влегување во воени објекти и правење скици на воени објекти.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ш.(61) од село Студеничани, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Неовластено влегување во воени објекти и правење на скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, на 17.2.2025 година, пријавениот како возач на автобус од фирма со која Министерството за одбрана имало склучено договор за организиран меѓугарнизонски превоз, во кругот на касарната во Тетово направил три видео записи кои ги споделил преку мобилна апликација.