РЕКОРДНИ 4.600 БАНКРОТИ ВО ГЕРМАНИЈА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Не се оптимистички ниту очекувањата за вториот квартал

Институтот за економски истражувања од Хале овенува дека бројките на почетокот на оваа година се повисоки отколку во времето на финансиската криза во 2009 година.

35

Речиси 4.600 компании во Германија прогласија банкрот во првите три месеци од годинава, најмногу во последните повеќе од 20 години, објави денес Институтот за економски истражувања од Хале (IWH).

Во периодот од јануари до март, 4.573 компании прогласија банкрот, најмногу од третиот квартал од 2005 година, кога беа регистрирани 4.771 банкрот, според официјалните податоци.






Бројките на почетокот на оваа година се повисоки отколку во времето на финансиската криза во 2009 година, нагласува IWH.

Според извештајот, бројот на банкроти скокна за 71% во март во споредба со просекот за истиот месец во периодот од 2016 до 2019 година, односно пред пандемијата на ковид.

Во градежниот и малопродажниот сектор, тој достигна највисоко ниво откако се собрани податоците.

Поголемиот број банкроти во март погоди помалку работници отколку во февруари и во истиот период минатата година, објави институтот, бидејќи банкрот најчесто го прогласија помалите компании.

Во вториот квартал, бројот на банкроти треба да остане на високо ниво, забележува раководителот на истражувањето за банкрот во IWH Штефен Милер, бидејќи клучните индикатори не инспирираат оптимизам.

-Можно е многу високите бројки од март да се повторат – рече тој.

Во целата 2025 година, бројот на банкроти достигна, според IWH, највисоко ниво од 2005 година.

Поврзани содржини