ЃОРЃИЕВСКИ СО ПОМОШ ЗА НАЈРАНЛИВИТЕ Oбезбедени 300 оброци, дел од нив добиле и работа

Во пресрет на Велигденските празници, беа поделени над 300 оброци за бездомни и социјално загрозени лица, со порака за солидарност и поддршка.

60

Повеќе од 300 оброци беа поделени на бездомни и социјално загрозени лица во хуманитарна акција по повод Велики Четврток, во која учествуваше градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Акцијата беше реализирана заедно со Тони Станковски и претставници на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, со цел да се обезбеди поддршка за најранливите категории граѓани и да се испрати порака за солидарност.






Од Градот информираат дека ваквите активности се дел од пошироки напори за подобрување на условите за живот. Во изминатиот период, како што посочуваат, биле обезбедени работни ангажмани и сместување за десетина лица кои претходно биле без дом.

Градоначалникот истакна дека ќе продолжи со мерки за намалување на социјалната исклученост и обезбедување достоинствен живот за сите граѓани.

Поврзани содржини