АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД ЌЕ СЕ ДОВРШИ СО ДОМАШНИ ПАРИ Мицкоски е задоволен од динамиката на изградба на автопатиштата од коридорите 8 и10д

Имавме мала тешкотија морам да признам посебно во делот на обезбедување средства за довршување на делницата Кичево-Охрид  затоа што заемот од кинеската „Ексим банка“ повеќе не го добиваме, престана, но бргу се реорганизиравме вели премиерот.

178

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и на Коридорoт 10Д и најавува дека со обезбеденото финансирање од домашните банки за заокружување на автопатот Кичево-Охрид оваа делница ќе стане функционална.

– Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала тешкотија морам да признам посебно во делот на обезбедување средства за довршување на делницата Кичево-Охрид  затоа што заемот од кинеската „Ексим банка“ повеќе не го добиваме, престана, но бргу се реорганизиравме. Тој проблем е надминат, формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и тие практично ќе го дозавршат финансирањето. Тоа ќе биде последно и со тоа конечно таа делница ќе биде функционална – рече Мицкоски на новинарско прашање при посетата на Струга.






Исто така, дополни премиерот, напредува и делницата Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, а предаден е и извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани, приклучок Кичево, на автопатската делница Кичево-Охрид.

-Во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така, прилично солидно напредува и реализацијата на делницата Прилеп-Битола која е дел од Коридор 10Д, изјави Мицкоски.

Поврзани содржини