ОРГАНИЗИРАЛ ОНЛАЈН ИГРИ НА СРЕЌА, МУ НАШЛЕ И ДРОГА Приведен турски државјанин во Скопје

При претрес во дом во скопски Центар полицијата пронашла канабис, марихуана и лаптопи користени за организирање онлајн игри на среќа.

77

Турски државјанин е приведен во Скопје, откако полицијата во неговиот дом пронашла дрога и опрема преку која организирал онлајн игри на среќа.

Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, на територијата на Центар полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б. (29), турски државјанин со престојувалиште во главниот град.






При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пет саксии со канабис, марихуана, дигитална вага и два лаптоп компјутери. Според полицијата, компјутерите биле користени за организирање онлајн игри на среќа.

Од МВР додаваат дека за случајот е известен јавен обвинител и дека по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини