ДОСЕГА СЕ ОТКУПЕНИ 35.000 ТОНИ ЗЕЛКА Земјоделците се задоволни од цената

Министерот за земјоделство оцени дека откупот се одвива непречено и согласно динамиката.

58

Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион.

– Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони -речеТрипуновски.






Тој истакна дека откупната цена е задоволителна за земјоделците, воедно најави дека Инспекторатот за земјодeлство ќе продолжи внимателно да го следи процесот, со цел да се обезбеди фер и непречен откуп.

   

Поврзани содржини